Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

Actors of Urban Change 2015-2017

367 robert bosch stiftungПо пилот-фазата на програмата "Actors of Urban Change", која траеше од есента 2013 до летото 2015 година, фондацијата Роберт Бош го објави конкурсот и за вториот круг. "Actors of Urban Change" поддржува долготраен и партиципативен развој на градовите преку културата. Тој им овозможува на актерите од областа на културата, администрацијата и економијата да ги зајакнат своите компетентности за соработка во повеќе различни сектори. Учесниците во програмата своите способности ги спроведувааат практично со локални проекти, советувања за нивно подобро остварување и размена во европско рамки. Програмата ќе биде изведена во кооперација со здружението МитОст. Вториот круг започнува во декември 2015 година и ќе трае до мај 2017 година. Рокот за пријавување е 13. септември 2015 година.

Печати

Конкурс за резиденцијален престој во Албанија

362 tiranaФондацијата за култура Лихтенштајн и Министерството за надворешни работи, образование и култура во соработка со литературната мрежа ТРАДУКИ и резиденцијалната програма „Tirana in Between“ канат еден автор/една авторка од Лихтенштајн на четиринеделна работна стипендија во албанскиот главен град Тирана. Овој конкурс е првиот дел од книжевната размена меѓу Лихтенштајн и Албанија. Вториот дел од проектот ќе биде покана на еден албански автор/една албанска авторка во Вадуз, исто така во 2015 година. Кандидатите треба да се професионални автори од областа на белетристиката, стручната литература, драма, поезија, есеистика и литература за деца и млади. Пријавите за престој во септември 2015 година може да се испраќаат до 26. јули 2015 година.

Печати

JAK: Поддршка на преводи на словенечка книжевност

357 jakАгенцијата за книги на Словенија JAK, која се вбројува во партнерите на мрежата ТРАДУКИ, објави конкурс за поддршка на преводи на словенечка книжевност. Ќе бидат поддржани пробни преводи на словенечки дела на германски и англиски јазик и превод на словенечки дела на други јазици. Може да се пријават преведувачи, но и издавачки куќи кои се заинтересирани за објавување на одреден превод. Периодот за пријавување е: од 19.06.2015 до 03.08.2015 година.

Печати

Конкурс: Семинар за преведувачи на словенечка книжевност

353 jakСловенечката агенција за книги JAK поканува преведувачи на словенечка книжевност на 5. меѓународен семинар за преведувачи, кој ќе се одржи од 18. до 23. август 2015 година во Ново Место. 16 одбрани преведувачи ќе се занимаваат со делата на четири словенечки автори (Лојзе Ковачиќ, Тадеј Голоб, Себастијан Прегељ, Андреј Скубиц) и ќе следат предавања на теми од современата словенечка книжевност, издаваштвото и поддршка на литература. Рокот за пријавување е 8. јуни 2015 година.

Печати

Конкурс резиденцијална програма во Ново Место

345 ausschreibungИ во словенечкото Ново Место сега постои резиденцијална програма, што ја лансира издавачката куќа Гора во соработка со Традуки. За едномесечниот работен престој во стан за самостојно користење може да се пријават писатели на проза, поети, книжевни преведувачи, драматурзи и сценаристи од Југоисточна Европа (Хрватска, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Бугарија, Албанија и Романија).