Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

“Prishtina has no river” – Стипендии за 2016 година

427 pristinaВо соработка со ТРАДУКИ и Гете Институтот Чендра Мултимедиа распиша стипендии за резиденцијалната програма „Prishtina has no river“ за 2016 година. За нив може да се пријават автори и преведувачи од Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Србија, Романија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Македонија) и Германија. Рокот за пријавување е 20. февруари 2016 година.

Печати

Скопје: „Absolute Modern“ – Конкурс за 2016 година

425 skopjeИздавачката куќа Готен во Скопје во рамките на резиденцијалната програма „Absolute Modern“ поддржана од ТРАДУКИ распиша стипендии за престој за 2016 година. Заинтересираните автори и преведувачи од Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Бугарија и Романија) може да се пријават до 15. февруари 2016 година за четиринеделен престој во македонскиот главен град.

Печати

Стипендии Пол Селан 2016/2017 во Виена

256 celan paulИнститутот за науки за човекот (IWM) одново распиша стипендии Пол Селан за преведувачи. Програмата го поддржува преводот на канонски текстови и современи клучни дела од областа на општествените, социјалните и културолошките науки меѓу источно и западноевропските јазици или меѓу два источноевропски јазици. Рокот за пријавување за стипендиски престој од три до шест месеци во Виена е 6. март 2016 година.

Печати

Tirana in Between – Конкурс за 2016 година

412 tiranaВо соработка со ТРАДУКИ Поетека ја продолжува европската резиденцијална програма за писатели и книжевни преведувачи „Tirana in Between“ и следната година. Заинтересираните кандидати од Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Македонија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора до 20. декември 2015 година можат да се пријават за едномесечна стипендија за престој во Тирана.

Печати

Европска резиденцијална програма во Сараево 2016

sarajevoВо соработка со ТРАДУКИ П.Е.Н.-Центарот на Босна и Херцеговина ја продолжува европската резиденцијална програма и во 2016 година. Заинтересираните писатели и книжевни преведувачи од Словенија, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Романија и Србија можат до 10. декември 2015 година да се пријавуваат за едномесечен престој во Сараево.