Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

Рамиз Хуремагиќ како Writer in Residence во Белград

638 huremagicРезиденцијалната програма на белградското здружение КРОКОДИЛ во април 2018 година прослави еден вид годишнина: Како 66. гостин во куќата за автори „Куча за писце“ престојуваше босанско-херцеговскиот автор Рамиз Хуремагиќ. Кулминацијата на неговиот едномесечен престој на 27. април претставуваше учеството на конференцијата „Svedočenje. Poezija. Jezik.“/„Testimony. Poetry. Language.“ во „Центар за културну деконтаминацију“ („Центар за културна деконтаминација“), на коja го даде својот прилог со поетски перформанс. Со песната Poema beogradske pobjednice (Песна за edna белградска победничка), којашто ја изведе во интеракција со публиката на сцена, беше сведоштво за тоа што знаеме едни за други и за историските случувања – како и за нас самите.

Печати

Reading Balkans: Емина Жуна во Тирана

637 zunaКако Writer in Residence Емина  Жуна од Босна и Херцеговина во рамките на програмата Reading Balkans месец мај го помина во главниот град на Албанија, Тирана. Таму работеше на ракописот за нејзиниот нов роман, кој најпрвин треба да биде објавен под наслов Čovjek iz budućnosti (Човекот од иднината), и се занимаваше со комунистичкото минато на Албанија и неговите траги во психата на народот. Поради оваа цел посети и повеќе музеи.

Печати

„Reading Balkans“ во Скопје: Резиденцијална стипендистка Леља Каламујиќ се претстави на бројни манифестации

636 lejla kalamuricЗа време на нејзиниот резиденцијален престој во Скопје босанско-херцеговската писателка Леља Каламујиќ, која во мај во рамките на „Reading Balkans“ гостуваше во станот за автори на издавачката куќа Готен, учествуваше на бројни книжевни манифестации.

Печати

„Поети на улица“ во Копер: Ахмед Буриќ како резиденцијален стипендист во Словенија

635 buricВо рамките на „Reading Balkans“ босанско-херцеговскиот писател Ахмед Буриќ во мај беше гостин на издавачката куќа Гога и како Writer-in-Residence престојуваше во Ново Место. Таму работеше на својот нов роман, со музичари на лице место снимаше музички парчиња за неговата поезија, а на 31. мај во разговор со Јелка Цигленечки им се претстави на словенечките читатели себе си и своето дело.

Печати

Reading Balkans: Живко Гроздановски во Сараево

634 grozdanoskiМладиот македонски писател и книжевен преведувач Живко Гроздановски, кој во мај гостуваше во Сараево како Writer-in-Residence, на книжевната вечер на 31. мај извести за една невообичаена средба: Во херцеговското место Чемерно при едно истражувачко патување за својот нов ракопис, тој наиде на својот лик од сопствениот роман: еден инжињер, кој работи на градбата на тамошниот тунел и го носи истото име, кое му го даде Живко Гроздановски во својот роман.