Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

Reading Balkans: Стефан Бошковиќ во Приштина

696 boskovicВо рамките на резиденцијалната програма „Prishtina has no river“ на Ќендра Мултимедија во април 2019 година црногорскиот писател Стефан Бошковиќ престојуваше во Приштина. На косовската публика ѝ се претстави на едно читање со дискусија во галеријата „Моне“, во модерација на драмската писателка и театролог Фјола Хоџа.

Печати

Reading Balkans: Ален Брлек во Тирана

695 brlekСоодветно на Денот на книгата хрватскиот поет Ален Брлек го мина април 2019 година во рамките на резиденцијалната програма „Tirana in between“ во албанскиот главен град. Таму работеше на нови текстови, размени искуства со млади албански поети и учествуваше на повеќе културни манифестации. Па така на 11. и на 17. април партиципира на дебатата „Meeting with the Past“ за пост-тоталитарното и повоеното наследство на Албанија и на земјите од поранешна Југославија.

Печати

Етхем Мандиќ како Writer in Residence во Сплит

697 mandicЦрногорскиот научник и писател Етхем Мандиќ во април 2019 година гостуваше во резиденцијалната програма „Марко Марулиќ“ на сплитското здружение KУРС. За време на својот престој се запозна со градот, а меѓу другото, размени искуства со локални писатели и писателки. Неговите посети на познати знаменитости, како на пр. на Диоклецијановата палата, но и на библиотеки и книжарници го инспирираа да напише еден кус расказ, којшто треба да отвори нова нова збирка раскази и ќе биде објавен во списанието АРС на Отворени Културни Форум (OKФ) во Цетиње.

Печати

Reading Balkans: Марко Видојковиќ во Ново Место

694 vidojkovicВо март 2019 година српскиот писател, музичар, телевизиски водител и активист за човекови права Марко Видојковиќ помина скоро месец дена како Writer in Residence во словенечкото Ново Место. Таму работеше на неговата нова книга и на две читања ѝ се претстави на словенечката публика.

Печати

Пролетна седница на мрежата ТРАДУКИ во Вадуз

693 vaduz

Од 14. до 16. мај во Лихтенштајн се сретнаа претставници и претставнички од 11 земји на полугодишната седница на мрежата ТРАДУКИ, за да одлучат за поддршката на понатамошни преводи и проекти. Работните седници се оддржуваат на секои шест месеци во една од земјите членки – па така овој пат изборот падна на Вадуз, којшто присутните ги восхити со уметничката кулиса на планински врвови покриени со снег.