Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

Reading Balkans: Драго Гламузина во Скопје

639 glamuzinaПовеќето од неговите книги веќе се преведени на македонски јазик, така што хрватскиот автор Драго Гламузина одамна веќе не е непознат. Во јуни 2018 година имаше прилика, поопширно да се запознае со македонската културна и литературна сцена. За време на неговиот едномесечен престој во рамките на програмата Reading Balkans не само што работеше на неговиот втор роман, од кој уште во јуни месец беше преведен и објавен еден фрагмент од него. Тој се сретна и со бројни писатели и преведувачи, како и со издавачи.

Печати

Гостување на Јасна Самиќ во Приштина

640 samicОд Босна и Херцеговина, т.е. од Франција во јуни 2018 пристигна гостинот во резиденцијалната програма „Prishtina has no river“: Јасна Шамиќ од Сараево (и Париз) по покана на Ќендра Мултимедиа помина речиси еден месец во косовскиот главен град, за таму да твори и да ѝ се претстави на косовската читателска публика.

Печати

Петер Денчев во Ново Место

638 denchevОд 11. јуни до 11. јули 2018 година бугарскиот писател Петер Денчев гостуваше во резиденцијалната програма во словенечкото Ново Место, која ја лансираа издавачката куќа Гога во соработка со ТРАДУКИ. Овде работеше на една нова книга и оствари повеќе разговори со директорите на словенечкиот театар. На 22. јуни Денчев ѝ се претстави на словенечката публика на едно читање во книжарницата Гога. Вечерта ја водеа Људмил Димитров, преведувач и лектор по бугарски јазик, книжевност и култура на универзитетот во Љубљана.

Печати

Queer*East во Литературниот колоквиум Берлин

642 queer eastОд 1. до 3. август во рамките на фестивалот Queer*East во Литературниот колоквиум Берлин се славеа квир-книжевноста, квир-музиката и квир-уметничкиот перформанс од Средна и Источна Европа. Уметници од осумнаесет земји дискутираа за квир-животот и квир-уметноста во нивната земја. Сите учесници изготвија кратки извештаи, кои беа собрани во една книга од фестивалот.

Печати

Проза созреана на далматинското сонце: Адам Шварц во Сплит

639 schwarz splitСо една стипендија донирана од ПроХелвеција швајцаскиот автор Адам Шварц во март 2018 година го отпочна едномесечниот резиденцијален престој во Сплит. Неговиот престој го организираа здружението КУРС и ТРАДУКИ.