Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

“Граници и ограничувања“: Меѓународен книжевен фестивал Bookstan во Сараево

650 bookstanОд 4. до 7. јули во Сараево со поддршка на ТРАДУКИ се оддржа третото издание на меѓународниот книжевен фестивал Bookstan, кој во меѓувреме прерасна во омилено место за средба на автори, преведувачи и издавачки куќи. Организаторите на Buybook повторно понудија богата програма.

Печати

Корчула: ШУШУР! Фестивал од ричи

643 korculaВо прекрасен амбиент во летното кино на Корчула, главното место на истоимениот хрватски остров, вечерта на 3. август во рамките на книжевниот фестивал „Шушур!“ се сретнаа писателите Aндреј Николаидис, Барбара Матејчиќ, Ненад Величковиќ и Сузана Тратник. Во нивната дискусија потсетија на наследството од 1968 година и продискутираа за тоа дали е можно како автор да се изврши влијание врз општеството, какви последици има критичкото и транспарентното мислење и каква одговорност сносат писателите, во нивните дела упатувајќи на општествени проблеми. Вечерта беше заокружена со забавата ШУШУР! и диџејот Евокс од Белград.

Печати

Reading Balkans: Жарко Кујунџиски во Сплит

649 kujundziski zarkoВо јули младиот македонски автор Жарко Кујунџиски како гостин на здружението КУРС престојуваше во станот за автори во Сплит. Неговиот престој во рамките на проектот „Reading Balkans“ поддржан од ЕУ, тој го искористи за работа на манускриптот за неговата нова книга.

Печати

Стефан Чапалику како Writer-in-Residence во куќата за книжевност и прведувачи Софија

648 capaliku stefanВо рамките на резиденцијалната програма поддржана од ТРАДУКИ во Софија во јули гостин во бугарскиот главен град беше албанскиот писател Стефан Чапалику. За време на неговиот престој тој интензивно се посвети на работата на третиот том од романот Secili çmendet simbas mënyrës së vet.

Печати

Reading Balkans: Слаѓана Кавариќ во Сараево

647 kavaricМладата писателка Слаѓа Кавариќ од Црна Гора во јули во рамките на проектот „Reading Balkans“ поддржан од ЕУ гостуваше како резиденцијална стипендистка во Сараво. За време на четиринеделниот престој како гостин на П.Е.Н.-Центарот на Босна и Херцеговина работеше на нејзината нова книга и на една книжевна вечер на 25. јули на лице место им се претстави на читателите.