Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

Марко Божиќ како Writer-in-Residence во Сплит

656 bozic mirkoВо рамките на од ТРАДУКИ поддржаната резиденцијална програма „Марко Марулиќ“ во август писателот Мирко Божиќ престојуваше во станот на здружението KУРС во Сплит. Авторот и коосновач на книжевниот фестивал во Мостар Полигон ја искористи оваа прилика за на лице место да се запознае со книжевната и културната сцена.

Печати

Writers in Residence: Драгослава Барзут во Сараево

654 barzut dragoslavaПисателката и активистка за ЛГБТ-заедницата на П.E.Н.-Центарот на Босна и Херцеговина во август во рамките на резиденцијална програма во Сараево поддржана од ТРАДУКИ четири недели гостуваше во главниот град на Босна и Херцеговина. Својот престој го посвети на нејзината нова збирка раскази и подготовките за новото издание на нејзината дебитантска збирка раскази Zlatni metak.

Печати

Стипендистот на резиденцијалната програма Јерко Бакотин во Белград учествува на дебатата за „декларацијата за заеднички јазик“

645 jerko bakotinНовинарот и автор Јерко Бакотин од Сплит во јуни како Writer-in-Residence гостуваше во Белград. За време на неговиот четиринеделен престој таму се одржа десеттото издание на книжевниот фестивал КРОКОДИЛ. Во рамките на фестивалот стипендистот на резиденцијалната програма на 16. јуни учествуваше на дебатата за „Декларацијата за заеднички јазик“. Заедно со професорот по лингвистика Рајко Глушица и поп-пејачката и новинарка Ида Престар под модерација на Игор Штикс продискутира за прашањето, до која мера декларацијата досега ја постигна својата цел. Во предвечерјето на дебатата телевизискиот канал Н1 го покани Јерко Бакотин на разговор во утринската емисија „Нови дан“.

Печати

Од роман за млади до криминалистички роман: Претставување на Тадеј Голоб во Сараево

644 golob tadejВо рамките на проектот „Reading Balkans“ поддржан до ТРАДУКИ П.Е.Н.-Центарот на Босна и Херцеговина во јуни го поздрави словенечкиот автор Tаеј Голоб како Writer in Residence. Вечета на 19. јуни се претстави себе си и своето богато дело, кое се протега од роман за млади преку биографии до криминалистички роман, во разговор со писателот Aхмед Буриќ.

Печати

Лидија Димковска како Writer in Residence во Тирана

637 dimovskaВо јуни 2018 година македонската писателка Лидија Димковска во рамките на резиденцијалната програма „Tirana in between“ на организацијата за култура ПОЕТЕКА гостуваше во албанскиот главен град. Покрај работата на своите текстови таа времето го искористи и за истражување на историјата и културата на Албанија, особено на онаа за време на нејзината „социјалистичка епоха“. На 22. јуни Лидија Димковска ѝ се претстави на тиранската публика со читање од нејзините дела.