Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

Артикли

Печати

Reading Balkans: Јордан Славејков како стипендист на “Prishtina has no river”

663 slavyekovВо рамките на Reading Balkans Ќендра Мултимедија во септември му посака добредојде на бугарскиот автор Јордан Славејков во Приштина. За време на неговиот гостински престој тој живееше и работеше четири недели во главниот град на Косово, за да се запознае со тамошната културна сцена. На 19. септември им се претстави на читателите во разговор со Ќерим Ондози и прочита извадок од неговиот роман Последна стъпка.

Печати

Reading Balkans: Габриела Бабник во Скопје

657 babnikВо август словенечката авторка Габриела Бабник како резиденцијална стипендистка отпатува четири недели за Скопје, каде што издавачката куќа Готен ја поздрави во рамките на Reading Balkans. Нејзиниот престој таа особено го посвети на завршување на својот нов роман, во кој се занимава со револуционерните настани во Буркина Фасо.

Печати

Tirana In Between: Барбара Корун на средба со албанските поетеси

653 korun barbaraВо јули словенечката поетеса Барбара Корун во рамките на резиденцијалната програма „ПОЕТЕКА – Tirana In Between“ поддржана од ТРАДУКИ гостуваше во албанскиот главен град. За време на својот престој таа се сретна со албанските поетеси, меѓу другото, и за да иницира еден проект за размена, во кој меѓусебно се посетуваат и препејуваат албански и словенечки поетеси.

Печати

Фестивал на светската книжевност во Загреб и Сплит

652 frakturaОд 2.-8. септември хрватската издавачка куќа Фрактура покани на шестото издание на Фестивалот на светска книжевност. Книжевниот и културен настан поддржан од ТРАДУКИ со манифестации во Загреб и Сплит од година во година привлекува повеќе посетители – повеќе од 6500 луѓе учествуваа на разнобразната програма од книжевни разговори, подиумски дискусии, филмски проекции и уметнички изложби.