Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

„Prishtina has no river“ – распишани резиденцијалните стипендии за 2017 година

.

500 pristinaЌендра Мултимедиа во кооперација со ТРАДУКИ и Гете институтот распиша шест нови резиденцијални стипендии за четиринеделен престој во Приштина во рамките на програмата „Pristhina has no river“. За нив до 20. јануари 2017 година може да се пријават писатели и преведувачи од Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Романија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Македонија), како и од Германија.

Печати

За работилницата „ Во конфронтација“ за лектори и преведувачи со фокус на литература за деца и млади

.

looren aussenКуќата за преведување Лоорен поканува на шестата работилница „Во конфронтација“- за лектори и книжевни преведувачи, чиј јазик-цел е германскиот, следната година со фокус на литература за деца и млади (7.–11. април 2017).

Печати

БМЕИА распиша резиденцијални стипендии во Виена

.

490 residenzstipendien wienАвстриското Сојузно министерство за Европа, интеграција и надворешни работи (БМЕИА) во 2017 година нуди резиденцијални престои од еден до два месеци за писатели од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово. На авторите им стои на располагање стан во центарот на Виена, во 21-от округ на музејскиот четврт и месечна стипендија од 1050 евра. Во рамките на престојот тие добиваат и можност за јавно претставување на нивната работа.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d