Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Absolute Modern 2017 – Конкурс за резиденцијални престои во Скопје

.

425 skopjeИздавачката куќа Готен во Скопје во рамките на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи „Absolute Modern“ поддржана од ТРАДУКИ распиша нови стипендии за 2017 година. Заинтересираните писатели и преведувачи од Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, Косово, Босна  Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и  Романија) до 10. февруари 2017 година може да се пријават за четиринеделен престој во македонскиот главен град.

Печати

Конкурс за театарскиот фестивал „ODYSEE EUROPA“ во Бремерхафен

.

508 bremerhavenГрадскиот театар Бремерхавен за меѓународниот театарски фестивал „ODYSEE EUROPA“ од 7. -11. јуни 2017 година распишува конкурс за инсценирања или перформанси од професионални театарски уметници од Белгија, Бугарија, Полска, Португалија и Турција. Рокот за пријавување: 31.01.2017 година.

Печати

Конкурс: Меѓународна преведувачка работилница во Милхајм

.

507 muelheimГерманскиот центар на Меѓународниот институт за театар заедно со милхајмскиот фестивал "Штике" поканува на работилница од 12. до 21. мај 2017 година професионални преведувачи на драмски дела  на германско-јазични драмски дела. Во фокусот е конкретната работа на избрани текстови. Придружно ќе се одржат манифестации, кои треба да придонесат за подобро разбирање на културното  и политичко милје на пиесите и на современиот германски театар. Рокот за пријавување е: 10. февруари 2017 година.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d