Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Летово започнува новата резиденцијална програма на ТРАДУКИ во Софија

.

531 next pageДо15. јуни писатели и преведувачи може да се пријавуваат за едномесечен престој во куќата за книжевност и превод во Софија. Во соработка со ТРАДУКИ Next Page Foundation таму ќе започне нова резиденцијална програма со цел интензивирање на книжевната размена во рамките на Југоисточна Европа и меѓу Југоисточна Европа и германско-јазичниот простор. Стипендијата нуди можност за концентрирана работа на еден писателски или преведувачки проект, за користење на библиотеките и центрите за истражување, за воспоставување контакти, за нурнување во културниот живот во Софија и за претставување пред бугарската публика.

Печати

Награда „Фабјан Хафнер“ за извонреден превод (германски-словенечки јазик)

.

530 ausschreibungГете Институтот во соработка со Литературниот колоквиум Берлин (ЛЦБ) за прв пат ја презентира наградата „Фабјан Хафнер“, која го одликува најдобриот преведувач од германски на словенечки јазик и обратно. Во 2017 година наградата ќе биде доделена за извонреден превод од германски на словенечки јазик, а во 2018 година за извонреден превод од словенечки на германски јазик. Наградата е наречена по за Словенија многу значајниот преведувач, поет и книжевен теоретичар Фабјан Хафнер (1966–2016) и вклучува едномесечна стипендија во Литературниот колоквиум Берлин. Рокот за пријавување е: 30. јуни 2017 година.

Печати

Фондацијата ЦАЈТ организира летна академија „History Takes Place“ во Сараево и Белград

.

528 zeitstiftungФондацијата ЦАЈТ поканува млади меѓународни истражувачи, во рамките на летната академија „History Takes Place – Dynamics of Urban Change“ од 4. до 15. септември 2017 година, да се посветат на комплексната и варијабилна историја на Белград и на Сараево. Летната академија особено се фокусира на докторанти од областите на историја, историја на уметност, археологија, културни и социјални науки, како и на млади архитекти и урбанисти. Програмата ќе се изведува на англиски јазик. Рокот за пријавување е: 29. мај 2017 година.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d