Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Про Хелвеција поддржува швајцарски книги во странство

.

554 prohelvetiaШвајцарската фондација за култура Про Хелвеција на литературни и книжевни изведувачи им става на располагање годишно по 200.000 швајцарски франци за промоција на швајцарските книги во странство. Фондацијата го става својот фокус на активностите за промовирање во полза на книгите за уметност и уметници, фотографија, дизајн, како и книги за деца и млади.

Печати

Германско-босански/хрватски/српски: преведувачка работилница во Штрален

.

550 euek straehlenВо Европскиот колегиум за преведувачи (ЕКП) Штрален од 23. до 28. октомври 2017 година ќе се одржи преведувачка работилница со јазична комбинација германско-босански/хрватски/српски јазик. Работилница е поддржана од програмата ViceVersa на Германскиот фонд за преведувачи и фондацијата Роберт Бош ДОО како и од културната фондација на СРВ и од Министерството за надворешни работи на Германија. Под водство на Хелен Синковиќ и д-р Биргите Деберт вкупно дванаесет учесници заедно ќе работат на доставените проекти, ќе продискутираат за релевантни теми за преводот и ќе си разменат искуства. Рокот за пријавување е 23. август 2017 година.

Печати

Конкурс: Грантови за преводи од романски на германски јазик

.

540 cnaПо повод изборот на Романија за земја-гостин на Саемот на книгата во Лајпциг 2018 година Романскиот институт за култура објави два специјални конкурса, за поинтензивно да потпомогне нови преводи од романски на германски јазик за настапот на Романија на саемот. До 30 јуни издавачките куќи во рамките на програмите „Translation and Publication Support Programme“ и „Publishing Romania Programme“ може да се пријават со соодветните книжевни проекти.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d