Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Нова резиденцијална програма на ТРАДУКИ во Букурешт

.

703 ausschreibungВо соработка со Романскиот музеј за литература во Букурешт (МНЛР) ТРАДУКИ за прв пат им нуди на авторите и преведувачите два резиденциски престои во Букурешт. За нив може да се пријават писатели од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србја и Словенија, како и преведувачи, кои преведуваат од романски на германски јазик или на еден од јазиците на претходно наведените земји. Стипендијата опфаќа 800 евра и сместување во Букурешт. Рокот за пријавување е 25. јуни 2019 година, а изборот за резиденцијалните престои наесен ќе се изврши на 1. јули.

Печати

Распишани нови стипендии за „Prishtina has no river 2019“

.

500 pristinaВо соработка со TRADUKI Ќендра Мултимедија објави нов конкурс за резиденцијални стипендии во рамките на програмата „Pristhina has no river“. За четиринеделен престој во Приштина (во септември, октомври или ноември месец) можат да се пријават писатели и преведувачи од Југоисточна Европа. Стипендијата опфаќа користење на целосно опремен стан, покривање на патните трошоци и паричен износ од 700 евра. Рокот за пријавување е: 15. март 2019 година.

Печати

„Emerging Writer on Tour“ 2019/2020: Конкурс за поддршка на млади автори

.

673 ausschreibungВо соработка со Меѓународниот книжевен фестивал Cúirt  (Ирска) и Фестивалот на светска книжевност на издавачката куќа Фрактура (Хрватска), Меѓународниот книжевен фестивал Виленица (Словенија) распиша конкурс за проектот „Emerging Writer on Tour“. За него може да се пријават млади писатели и писателки (до 35 години) од сите земји учеснички во програмата на ЕУ Креативна Европа. Проектот вклучува посета на сите три партнери на фестивалот, поврзано со по десетдневен резиденцијален престој. Рокот за пријавување е 18. февруари 2019 година.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d