Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Успешен настап на Саемот на книгата во Лајпциг

.

leipzig_buchmesse_2010_b
Посетителите на овогодишниот Саем на книгата во Лајпциг пројавија голем интерес за манифестациите од мрежата ТРАДУКИ и нејзините коперациски партнери. Програмата за југоисточна Европа со особено внимание ја проследија и медиумите: "Саемот на книгата се престори во вистински форум на книжевноста од 'југоисточна Европа' и 'постјугословенската' книжевност", известува TАЦ.
Печати

Гостување на Марко Погачар во Берлин

.

pogacar_marko
Marko Pogačar
Во рамките на  Саемот на книгата во Лајпциг под наслов "Eвропски мигови" се одржува Книжевната работилница Берлин и читањето „Мали јазици – големи книжевности", на која хрватскиот лиричар Марко Погачар ќе чита од својата збирка поезија ,,На изгубените половини" (едиција ,,Коресподенции" 2010, преведувачка Алида Бремер). Исто така ќе гостуваат: Гуи Хелмингер (Луксембург), Имануел Мифсуд (Малта), Ана Мариа Санду (Романија) и Лажло Вегел (Србија).
Печати

Читање на автори од југоисточна Европа во Лајпциг

.

lepizig_buchmesse_2010
Саемот на книгата во Лајпциг
Мрежата ТРАДУКИ и ,,Фондацијата Роберт Бош" и оваа година одново ја збогатуваат програмата на Саемот на книгата во Лајпциг. Во програмата се предвидени читања, дискусии, изложби и музички точки. Особено значен настан, којшто ќе се одржи во сабота, на 20. март во УТ Коневиц е Балканска Ноќ, каде што ќе настапат многубројни автори од регионот на Балканот и македонскиот етно-бенд БАКЛАВА.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d