Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Reading Balkans: Марко Погачар во Тирана

.

622 pogacarВо рамките на програмата „Reading Balkans“ хрватскиот поет Марко Погачар го помина април 2018 година како Writer in Residence во Тирана. Како гостин на издавачката куќа ПОЕТЕКА Погачар се запозна со алтернативната културна сцена на Тирана и појде на патување низ јужна Албанија за да собере нов материјал за неговиот патеписен есеј. На крајот од својот престој заедно со албанскиот поет  Aријан Лека изведе една работилница со студентите на универзитетот Марин Балети во Тирана, на која зедоа учество и други поети и преведувачи. Притоа стана збор за улогата на уметноста и книжевноста денес, за значењето на зборот, особено во однос на педесетгодишнината од Прашката пролет.

Печати

Лисандри Кола во белградската куќа за автори „Куча за писце“

.

621 kola lisandriКуќата за автори „Куча за писце“ на здружението Крокодил, во која имаат гостувано повеќе од 60 писатели, во март му понуди можност на уште еден резиденцијален стипендист да се запознае со белградската книжевна сцена и да им се претстави на лице место на читателите. Па така младиот писател Лисандри Кола од Скадар (Албанија) во рамките на проектот „Reading Balkans“ подржан од ЕУ еден месец живееше и работеше во главниот град на Србија.

Печати

Јорданка Иванова Белева како резиденцијална стипендистка во Сплит

.

620 reading balkansВо рамките на резиденцијалната програма поддржана од ЕУ „Reading Balkans 2018“ здружението КУРС од Сплит во април ја поздрави бугарската авторка Јорданка Иванова Белева. За време на нејзиниот едномесечен престој таа се посвети на својата работа и се запозна со бројните културни аспекти на градот Сплит. Во разговор со Маријо Главаш и со преведувачката Ксенија Бановиќ на книжевната вечер Диску(р)сија им се претстави на читателите.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d