Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

„Verlorener Morgen“ е „Книга на месецот на Ö1“

.

675 verlorener morgenРоманот кој со поддршка на ТРАДУКИ за прв пат беше преведен на германски јазик „Verlorener Morgen“ од Габриела Адаместеану беше избрана за " Книга на месецот на Ö1". Во списанието за книжевност „Ex libris“ на австрискиот јавен радио-телевизиски канал Ö1 претходно се зборуваше за романот преведен од Ева Рут Веме.

Печати

„Emerging Writer on Tour“ 2019/2020: Конкурс за поддршка на млади автори

.

673 ausschreibungВо соработка со Меѓународниот книжевен фестивал Cúirt  (Ирска) и Фестивалот на светска книжевност на издавачката куќа Фрактура (Хрватска), Меѓународниот книжевен фестивал Виленица (Словенија) распиша конкурс за проектот „Emerging Writer on Tour“. За него може да се пријават млади писатели и писателки (до 35 години) од сите земји учеснички во програмата на ЕУ Креативна Европа. Проектот вклучува посета на сите три партнери на фестивалот, поврзано со по десетдневен резиденцијален престој. Рокот за пријавување е 18. февруари 2019 година.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d