Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Reading Balkans: Давор Стојановски во Ново Место

.

625 stojanovski davorВо словенечкото Ново Место во април 2018 година престојуваше македонскиот писател и преведувач Давор Стојановски како Writer in Residence во рамките на „Reading Balkans“. Таму работеше на својата нова книга. Покрај тоа зеде учество на различни книжевни манифестации. Па така на 17. април читаше на една за него организирана манифестација во книжарницата на издавачката куќа Гога (Гога е домаќин на резиденцијалната програма), а на 18. април за време на еден симпозиум на Истражувачкиот центар на Словенечката академија на науките и уметностите читаше од своето дело. Исто така беше поканет и на една емисија на радио: „Сами наши“, програма за културните активности на народностите што живеат во Словенија.

Печати

„Pristhina has no river“: Александра Савановиќ

.

624 savanovicКако партнер на регионалниот проект „Reading Balkans“ поддржан од Традуки Ќендра Мултимедија во рамките на својата резиденцијална програма „Prishtina has no river“ во март ја поздрави младата авторка Александра Савановиќ од Нови Сад, којашто еден месец живееше и работеше во Приштина. На 19. март заедно со активистите Албин Курти и филозофот Сречко Хорват учествуваше на една книжевна вечер со дискусија на тема „Transition, Social Movement and Urban Mayhem“, која ја водеше Уна Хајдари.

Печати

Reading Balkans: Марко Погачар во Тирана

.

622 pogacarВо рамките на програмата „Reading Balkans“ хрватскиот поет Марко Погачар го помина април 2018 година како Writer in Residence во Тирана. Како гостин на издавачката куќа ПОЕТЕКА Погачар се запозна со алтернативната културна сцена на Тирана и појде на патување низ јужна Албанија за да собере нов материјал за неговиот патеписен есеј. На крајот од својот престој заедно со албанскиот поет  Aријан Лека изведе една работилница со студентите на универзитетот Марин Балети во Тирана, на која зедоа учество и други поети и преведувачи. Притоа стана збор за улогата на уметноста и книжевноста денес, за значењето на зборот, особено во однос на педесетгодишнината од Прашката пролет.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d