Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

In memoriam – Даша Дрндиќ

.

626 dasa drndicСо големо жалење дознавме дека писателката Даша Дрндиќ, еден од најзначајните гласови на Југоисточна Европа, почина на 5. јуни во Риека.

Печати

Првата Балканска вечер во Берлин

.

622 balkanabendНа 1. јуни во Берлин за прв пат се одржа Балканска вечер, во организација на ТРАДУКИ во рамките на третата Долга вечер на идеите на Министерството за надворешни работи на СРГ. 400 посетители дојдоа во киното Бабилон во Берлин-Мите за да уживаат во читањата и дискусиите со Каталин Доријан Флореску (Ш/РО), Eрвина Халили (РК), Дамир Каракаш (РХ), Каталин Михуеац (РО), Анја Голоб (СЛ) и издавачот Себастијан Гуголц (СРГ). Програмата што ја водеа Ајлин Ригер и Хана Стојиќ беше музички обоена од фантастичниот романски соул бенд ZMEI3. Од германските текстови читаа актерите Сузане Борман и Александар Раденковиќ. Во една ждребка можеа да се добијат книги и награди од спонзорите Фруктал, Самовино и Кафана Берлин. Благодарност до сите што нè поддржаа!

Печати

“Debate on Europe” во Скопје, 7.-9. јуни 2018 година

.

619 skopjeВо соработка со ТРАДУКИ и македонската невладина организација Контрапункт од 7. до 9. јуни во Скопје се одржува  „Debate on Europe“, манифестација во рамките на годишната меѓународна низа дискусии, кои од 2012 година ги организираат фондацијата С. Фишер, Германската академија за јазик и поезија и Алијансата фондација за култура. Досега »Debates on Europe« беа одржани во Букурешт, Белград и Атина, во Нарва, Минск, Харкив и Ст. Петерсбург. Последната се одржа во Сараево.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d