Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Драган Бурсаќ во Белград: за слободата на печатот и смртните закани

.

633 dragan bursacКолумнистот Драган Бурсаќ од Бања Лука во мај живееше во станот за автори во Белград на здружението КРОКОДИЛ. Во рамките на програмата „Reading Balkans“, поддржана од ЕУ, тој еден месец како Writer-in-Residence се нурна во секојдневието на српскиот главен град, собра бројни впечатоци и зборуваше за неговиот живот како истражувачки новинар.

Печати

Reading Balkans: Огнен Спахиќ го промовира својот нов роман „Калипсо“ во Сплит

.

632 ognjen spahic kleinВо рамките на резиденцијалната програма „Reading Balkans“, поддржана од ЕУ, здружението КУРС во мај му посака добредојде на црногорскиот писател Огњен Спахиќ како Writer-in-Residence во Сплит. Еден месец авторот-гостин ја запознаваше книжевната сцена на лице место. На Медитеранскиот фестивл на книгата, кој од 16. до 20. мај се одржа втор пат по ред, во разговор со Круно Локотар и писателот Небојша Лујановиќ на публиката најпрвин ѝ го претстави својот неодамна објавен роман Calypso.

 

Печати

Приштина: Writer-in-Residence Агрон Туфа на книжевниот фестивал ПОЛИП

.

631 agron tufaАлбанскиот поет, прозаист и книжевен преведувач Агрон Туфа во мај како стипендист четири недели гостуваше во Косово во рамките на од ТРАДУКИ поддржаната резиденцијална програма „Prishtina has no river“ во организација на Ќендра Мултимедија. Таму на книжевниот фестивал ПОЛИП, кој со осмото издание и оваа година го продолжи својот успех, прочита избор од своите песни. Во разговор со водителката Светлана Ракочевиќ, освен тоа, учествуваше и на подиумската дискусија на тема „Building Radically Progressive Society: A Women-Led Revolution in Rojava“.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d