Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Николаидис, Јован

nikolaidis jovanЈован, Николаидис, роден 1950 год. во Улцин, од 1974 год. работи во Сараево за дневниот весник „Ослобоџење“. На почетокот на 90-тите се враќа во родниот град Улцин и оттогаш се посветува на културниот дијалог помеѓу Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Албанија. Основач е на изавачката куќа „Плима“ и го иницира црногорско-албанското списание за култура „Плима-Батица“. Освен тоа е иницијатор и издавач на првото списание на албански јазик во Црна Гора „Кроника“. Кон неговите најважни дела како автор се вбројуваат романите „Velaskez“ и „Valdinos 33“, хрониките „Ulcinjska pisma“ и „Fosforne brojanice“, како и политичките коментари „Crnogorska krivica“ во кои се тематизира прашањето на вина на Црна Гора.