Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Сајко, Ивана

sajko ivanacrobuch.deИвана Сајко, родена 1975 год. во Загреб, завршила драматургија на Академијата за драмска уметност во Загреб. Работи како автор, драматург и режисер и е редакциски член на списанието за изведбени уметности „Фракција“ и на списанието за книжевност „Тема“. Освен тоа е коосновач на театарската група „Bad Company“, ја води телевизиската емисија за театар „V-efekt“ и повеќе години предава на универзитет. Денес изведбата на своите текстови ја базира на тесна соработка со музичари. Делата на Ивана Сајко се преведени на бројни јазици и изведени во меѓународни рамки. Таа е добитничка на значајни книжевни и театарски награди, меѓу кои и одликувањето „Иван Горан Ковачиќ“ за романот „Rio bar“.