Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Серјановиќ, Беким

sejranovic bekim© privatБеким Серјановиќ, роден 1972 год. во Брчко (Босна и Херцеговина), од 1985 год. живее во Риека, каде што по завршувањето на средното училиште студира кроатистика. Од 1993 год. живее во Норвешка, каде што се стекнува со магистерска титула од јужнословенска книжевност. Беким Серјановиќ има преведено повеќе дела од норвешки на хрватски јазик, меѓу кои и книги од Фроде Гритен, Ингвар Амбјернсен и Јостеин Гаардер. Во 2002 год. ја објавува збирката раскази „ Fasung“. Следуваат романите „Nigdje, niotkuda“ (2008), за којшто беше овенчан со реномираната награда за книжевност „Меша Селимовиќ“, и „Ljepši kraj“ (2010). Неговите дела се преведени на норвешки, словенечки и македонски јазик. Беким Серјановиќ живее и работи во Осло, Брчко, Сараево, Љубљана, Риека, Стари Град ...