Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Штајн, Бенјамин

stein benjamin© Chris JanikБенјамин Штајн е роден 1970 год. во (источен)  Берлин. Од 1982 год. објавува поезија и куса проза. Неговиот прв роман  „Das Alphabet des Juda Liva“ (1995) излезе 1998 год. како џепно издание. Бенјамин Штајн работи како уредник и коресподент на бројни германски и американски списанија за компјутери, а од 1998 год. е претприемачки советник за информатичка технологија. Сопственик е на авторската издавачка куќа „Едишн Ноје Модерне“, а го води книжевниот блог „Turmsegler“. За своето дело е повеќекратно наградуван, меѓу другото, добитник е на Грантот за книжевност од културниот округ од Сојузното здружение на Германската индустрија (1996), на Грантот за книжевност на Слободната покраина Баварија (2010) и на наградата „Тукан“ од градот Минхен (2010).