Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Билетиќ, Борис Домагој

biletic domagoj© privatБорис Домагој Билетиќ, роден 1957 год. во Пула, завршил кроатистика и јужнословенска филологија во Загреб. Во ’70-сетите години прв пат објавува песни, книжевни критики. Неговите песни се поместени во антологии на хрватскта лирика и се преведени на бројни јазици. Борис Домагој Билетиќ е член на Здружението на писателите на Хрватска (ДХК), на хрватскиот ПЕН Центар, издавач на низа книги, иницијатор и главен уредник на списанието за книжевност, културни и општествени теми„Нова Истра“ и иницијатор на меѓународните денови на есејот „Пулски дани есеја“. За своите дела е добитник на бројни книжевни награди и признанија, меѓу кои и „Млада Струга“, „Тин Ујевиќ“, наградата на здржението КултурКонтакт Австрија, Орденот на Даница Хрватска со портрет на Марко Марулиќ и на медалјата на градот Ровињ. Борис Домагој Билетиќ живее и работи во Ровињ, каде што ја води библиотеката „Влачич Илирик“.

www.boris-biletic.iz.hr