Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Шехиќ, Фарух

sehic_faruk
© Amer Kuhinja
Фарух Шехиќ, роден 1970 год. во Бихаќ, по војната во Босна студира книжевност. Живее како слободен писател во Сараево и објавува лирика, проза, есеи, статии по весници, како и книжевни и уметнички критики. Се смета за еден од најталентираните млади писатели од некогашните југословенски простори. Некои од неговите книги, како  на пр. „Hit depo“, достигнаа култен статус кај читателите и доживејаа повеќе реизданија. Фарух Шехиќ е преведен на англиски, француски, италијански, германски, унгарски, холандски, словенечки, украински, полски и македонски јазик.