Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Вернер, Маркус

werner markus by selwyn hoffmann© Selwyn HoffmannМаркус Вернер, роден 1944 год. во Ешликон (Швајцарија), завршил германистика, филозофија и психологија во Цирих, каде што се здобил и со докторска титула со еден труд за Макс Фриш. Во 1984 год. со „Zündels Abgang“ го објавува својот прв роман. Неговите книги се преведени на повеќе јазици и повеќекратно наградувани, меѓу другото, со наградата „Јозеф Брајтбах“ (2000), со наградата „Јохан Петел Хебел“ (2002), со наградата „Шилер“ на швајцарската фондација „Шилер“ (2005) и со книжевната награда „Бодензе“ на градот Иберлинген (2006). Маркус Вернер живее во Шауфхаузен.