Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Бајазетов, Александра

bajazetov aleksandraАлександра, Бајазетов, родена 1969 год. во Јагодина (Србија), завршила германистика и компаративна книжевност на универзитетот во Белград и меѓународен развој на лондонската Школа за економски и политички науки. Работела како лектор по јазик на Институтот за германистика на универзитетот во Белград  (1995-2007) и била коиздавач на книжевното списание „Реч“, како и на едицијата книги за деца на белградската издавачка куќа „Фабрика књига“. Добитничка е на стипендии во Тибинген (ДААД), Берлин (Гете Институт, Литературниот колоквиум), Минхен (Меѓународната библиотека за млади) и во Европскиот колегиум за преведувачи Штрален. За нејзиниот превод на „Arbeit am nationalen Gedächtnis“ (Алеида Асман) во 2002 год. ја добива наградата за преведување „Милош Н. Ѓуриќ“. Александра Бајазаетов, меѓу другото, има преведено дела од: Хана Арент, Марија Тодорова, Хелмут Дубиел, Алеида Асман, Херман Баузингер, Ханс Цишлер, Дејвид Кристл, Фридрих Шлајермахер, Инка Пареи, Томас Хиланд Ериксен, Рафик Шами, Стеф Јансен, Ниал Грифитс, Виктор Клемперер, Гинтер де Брoјн, Маркус Вернер, Јудит Шалански и Арно Шмит.