Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Тотцева, Софија

totzeva sophiaД-р Софија Тотцева, родена во Софија, студирала бугаристика и германистика во Софија и Берлин. Докторира 1994 год. во областа на театарската уметност на универзитетот во Мајнц, каде што била активна како предавач повеќе од едно десетлетие. Нејзиното истражување „Театарскиот потенцијал на драмскиот текст. Прилог кон теоријата на драма и преводот на драмски текстови“ припаѓа на стандардните дела од теорија на превод на драмски текстови. Во специфичниот истражувачки проект 309 „Книжевен превод“ на универзитетот Гетинген го води истражувачкото дел „Теорија на драмски превод“. Освен долгогодишносто искуство во истражувањето и предавањето Софија Тотцева е активна и како книжевна преведувачка, новинарка и драматург. Меѓу дугото, има преведено раскази од Адолф Мушк („Der blaue Mann“),  како и драми од Артур Шницлер и Фридрих Диренмат.