Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Асман, Алеида

assmann aleida© Universität KonstanzАлеида Асман, родена 1947 год. во Гадербаум, завршила англистика и египтологија во Хајделберг и Тибинген. Во 1992 год. хабилитира, а од 1993 год. е професор по англиска и општа книжевност на универзитетот во Констанц. Нејзини полиња на интерес се историска антропологија на медиумите, историја на читањето и индивидуалната и културна меморија. Била визитинг-професор во Принстон, Јеил, Виена и Чикаго и има објавено бројни научни трудови. Во 1999 год. ја добива наградата за истражување за општествени науки од фондацијата „Филип Морис“. Во 2009 год. е добитник на наградата за истражување од Макс Планк „Историја + меморија“, на Почесниот прстен Вацлавик од Лекарската комора за Виена и почесната докторска титула на Теолошкиот Факултет во Осло.