Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Ивањи, Иван

ivanji ivanИван Ивањи, писател и преведувач, е роден 1929 год. во Зренјанин (Србија) како син на еврејски родители. Од март 1944 до април 1945 год. бил затвореник во концентрационите логори „Аушвиц“ и „Бухенвалд“. По војната студирал германистика во Белград. Работел како учител, новинар, лектор, драматург, бил дииректор на повеќе белградски театри, советник на амбасадата во Бон, соработник на Министерството за надворешни работи на Југославија и толкувач на Тито и на југословенското државно и партиско раководство. Од 1982 до 1988 год. бил генерален секретар на Здружението на писателите на Југославија. Иван Ивањи почнува да објавува од 1951 год., најпрвин на српски, а потоа и на германски јазик. Од германски на српски јазик, меѓу другото, ги има преведено Гинтер Грас, Хајнрих Бел, Бертолт Брехт, Мило Дор, Карл Јасперс, а од српски на германски јазик: Данило Киш, Давид Албахари и Видосав Сревановиќ. Од 1992 год. живее во Виена и Белград.