Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Поп, Јоана Кристина

pop ioanaЈоана Кристина Поп, родена 1966 год. во Букурешт, во Варшава ги посетувала дипломатското училиште на ГДР ( (1973-1977) и училиштето на француската амбасада (1977-1979). Образованието го продолжува во Романија на германскиот лицеј во Букурешт и на различни лицеји за уметност. Потоа студира ориенталистика (јапонски и англиски јазик) на универзитетот во Букурешт. По завршувањето на студиите е стипендистка на Јапонскиот институт за јазици во јапонскиот град Саитама. Јоана Кристина Поп работела како толкувачка од јапонски јазик, како професорка во лицеји, како учителка во основното училиште на Германскиот колег „Гете“ во Букурешт и како асистентка на универзитетот во Букурешт. Преведува од јапонски, германски и француски јазик и пишува песни и книжевни есеи. Во нејзините преводи од германски јазик се вбројуваат дела од Хуго фон Хофманстал („Lucidor“) и од Фридрих Диренмат („Der Richter und sein Henker“; „Der Tunnel“).

Website