Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Николовска, Зорица

nikolovska zoricaПроф. д-р Зорица Николовска, родена 1964 год. во Скопје, завршила германистика и уште во 1987 год. почнала да работи на Катедрата за германски јазик и книжевност. По завршувањето на последипломските студии по германска книжевност, во чии рамки била добитник на годишна стипендија од ДААД за престој на универзитетот во Диселдорф, во 1996 год. се стекнува со магистерска титула. Во 2003 год. докторира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Од 2004 год. е доцент, а од 2009 год. вонреден професор по германска книжевност на Филолошкиот факултет. Проф. д-р Зорица Николовска е автор на бројни книжевно-научни трудови и е член на претседателството на Здружението на преведувачите на Македонија. Преведува лирски и епски дела од германски на македонски јазик. Во нејзин превод, меѓу останатото, се објавени преводи на дела од: Фридрих Шилер, Роберт Музил, Е.Т.А. Хофман и Михаил Енде.