Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Баздуљ, Мухарем

bazdulj_muharem
© Dzenat Drekovic
Мухарем Баздуљ, роден 1977 год. во Травник (Босна и Херцеговина), завршил англистика и англоамериканистика на Филозофскиот факултет на универзитетот во Сараево и најпрвин работел како новинар и лектор. Пишува есеи, куси раскази, романи и лирика. Во 2000 год. за својата втора збирка раскази под наслов „Druga knjiga“ ја добива наградата од Фондацијата Сорос –Отворено општество на БиХ за најдобра збирка раскази. Неговите дела се преведени на полски, англиски и германски јазик. Меѓу другото има објавено и бројни прилози во странско јазични антологии, за коишто е повеќекратно одликуван.