Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Келмајер, Михаел

koehlemeier_michael

Михаел Келмајер, роден 1949 год. во Хард на Боденско Езеро, завршил германистика и политички науки во Марбург/Лан, како и филозофија и математика во Гисен. Живее како слободен писател во Хоенмас (Форалберг) и Виена. Пробивот како писател го прави во 70-етите години со радио-драми и куси прозни текстови, а во 1974 год. добива грант за книжевност. Неговото творештво опфаќа бројни романи, поезија, драмски дела, радиодрами, сценарија и музички текстови. Михаел Келмајер, меѓу останатото, е преведен на француски, грчки, кореански, романски, словенечки, босански, шпански и турски јазик, а е добитник и на бројни награди, меѓу кои во 2011 година на Австриската награда за најдобра книга за деца и млади за Rosie und der Urgroßvater. Во 2017 година беше овенчан со книжевната награда на фондацијата Конрад Аденауер и наградата „Мари Луизе Кашниц“ за неговото целокупно дело.