Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Стамаќ, Труда

stamac_truda
Труда Стамаќ, родена 1942 год. во Петроварадин, завршила компаративни студии и германистика во Загреб. Покрај својата дејност како книжевен преведувач најпрвин работела во библиотеката на Институтот за култура на Германија, па студирала една година филозофија во Виена. Потоа работела како советничка за прашања од културата во Службата за култура на Хрватска, а подоцна и во Министерството за култура на Хрватска. По нејзината дејност како долгогодишна советничка за култура во амбасадата на Република Хрватска во Виена, се враќа во Министерството за култура. Од 1990 до 1993 год. е претседателка на Друштвото за хрватско-австриско пријателство. За нејзините преводи е повеќекратно наградувана, меѓу другото со Почесниот орден на Австрија за наука и уметност. Таа е издавач на повеќе антологии и има преведено бројни книги, меѓу кои дела од Томас Бернхард, Паул Целан , Рајнер Марија Рилке, Ингеборг Бахман, Гинтер Грас, Херман Хесе, Георг Бихнер, Бертолт Брехт, Г.Е. Лесинг, Валтер Бенјамин и Ханс Кинг.