Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Дракулиќ, Славенка

drakulic_slavenka
Славенка Дракулиќ, родена 1949 год. во Риека, се вбројува во една од најпознатите и наjпреведуваните писателки на Хрватска. Објавува есеи, романи и стручна литература и пишува за бројни весници и списанија. Работи како уредник на списанието „Д нејшн мегазин“ (САД). Нејзините текстови , меѓу другото, се објавени во: „Д њу рипаблик“, „Д Њу Јорк тајмс мегазин“, „Д Њу Јорк ривју оф букс,“, „Зиддојче Цајтунг“ , „Интернационале“, „Дагенс Најхетер“, „Д Гардијан“ и на www.eurozine.com. Во нејзините најпознати книги се вбројуваат: „Balkan Express“ (1992), „Božanska glad“ (1995), „Cafe Europa“ (1996), „Kao da me nema“ (1999) и „Basne o komunizmu“ (2009). Во 2005 год. за делото „Keiner war dabei – Kriegsverbrechen auf dem Balkan vor Gericht“ ја добива „Лајпцишката книжевна награда за европско разбирање“. Славенка Дракулиќ живее во Шведска и во Хрватска.