Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Тугенхат, Ернст

tugendhat_ernst
Ернст Тугенхат важи за еден од најважните претставници на јазично-аналитичната филозофија во Германија. Роден е во Брин/Брно (Чешка) како син на еврејски родители, а во 1938 год. со семејството емигрира во Швајцарија, а во 1941 год. за Венецуела. Завршил класични студии на универзитетот во Стенфорд, а потоа и филозофија во Фрајбург. Во 1966 год. хабилитира во Тибинген, а до1975 год. предава како професор по филозофија на универзитетот во Хајделберг. Потоа бил соработник на Макс Планк Институтот, а подоцна и професор по филозофија на Слободниот Универзитет во Берлин. Следуваат гостински предавања во Чиле, Констанца, Прага, Гојанија и Порто Алегре. Во 1999 год. е назначен за почесен професор на универзитетот во Тибинген. Во 2005 год. ја добива почесната докторска титула на Универзидад Аутонома во Мадрид.