Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Василевски, Ристо

vasilevski_risto
Ристо Василески, роден 1943 год. во Николаец (Македонија), пишува песни, есеи, книжевни критики и литература за деца на македонски и српски јазик. Издавач е на бројни антологии, работи како преведувач и ја води издавачката куќа „Арка“. За неговите дела, преведени на 24 јазици, е добитник на повеќе од 30 награди. Член е на Македонската Академија на науките и уметностите, на Славјанската Академија за книжевност и уметности во Варна (Бугарија), на Меѓународното здружение на писатели и публицисти во Рига, на Здруженијата на писателите во Македонија и Србија, како и на Здружението на книжевните преведувачи на Србија. Тој е основач на поетскиот фестивал „Смедеревска песничка јесен“ и уредник на списанието „Видело“, „Монс Ауреус“ и „Книжевне новине“. Ристо Василевски живее и работи во Смедерово (Србија) и Преспа (Македонија).