Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Бабиќ, Владимир

babic_vladimir
Владимир Бабиќ, роден 1982 год. во Рума (Србија), студирал германски јазик и книжевност во Белград. Како стипендист на Австриската служба за размена студирал еден семестар германска филологија и наука за преведување во Виена, а како стипендист на Германската Служба за размена ДААД и еден семестар германистика во Оснабрик. Во 2005 год. победува со кусиот расказ „Glad“ на авторскиот натпревар на издавачките куќи „Алма“ и „Беографити“, по што тој е објавен во Vrata moje priče. Владимир Бабиќ е активен како преведувач и толкувач. Меѓу другото има преведено повеќе куси приказни од „Russendisko“ од Владимир Каминер и „Geschichte der Männlichkeit in Europa (1450-2000)“ од Волфганг Шмале.