Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Брехт, Бертолт

brecht_bertolt
© Jörg Kolbe
Бертолт Брехт, роден 1898 год. во Аугсбург, студирал природни науки, медицина и книжевност во Минхен. 1918 год. мора да ги прекине студиите, бидејќи е мобилизиран како болничар во една полска болница во Аугсбург. Уште за време на студиите почнува да пишува театарски пиеси. Од 1922 год. работи како драматург во минхенскиот Камерен театар. Од 1924 до 1926 год. е режисер на Германскиот театар во Берлин. Во 1933 год. го напушта Берлин и преку Прага, Виена и Цирих пребегува за Данска, каде што престојува следните пет години. Освен драми Брехт пишува и прилози за повеќе емигрантски списанија во Прага, Париз и Амстердам. Во 1948 год. се враќа од егзил во Берлин, каде што до својата смрт работи како автор и режисер. Бертолт Брехт почина на 14. август 1956 год. во Берлин.