Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Тројанов, Илија

trojanow_ilijaИлија Тројанов, роден 1965 година во Софија, во 1971 година со семејството пребегува преку Југославија и Италија во Германија, каде што добива политички азил. Во 1972 година семејството се преселува во Кенија. Со прекин од четиригодишниот престој во Германија, Илија Тројанов до 1984 година живее во Најроби. Потоа следува престој во Париз.  Од 1984 до 1989 година Тројанов студира правни науки и етнологија во Минхен. Таму ги основа издавачките куќи „Кирил и Методи“ и „Марино“. Во 1998 година Тројанов се сели во Бомбај, а во 2003 година за Капштат. Денес, ако не патува, живее во Виена. Неговите познати романи како на пр. Die Welt ist groß und Rettung lauert überall, Der Weltensammler и Eistau, но и неговите патеписи како An den inneren Ufern Indiens се познати бестселери и се одликувани со бројни признанија.

Вебстраница