Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Драгостинова, Јанина

dragostinova_janinaЈанина Драгостинова, родена 1962 година во Варна (Бугарија), студирала германистика и филмска уметност во Софија. Таа е преведувачка, авторка и слободна новинарка. Во 2006 година учествува на преведувачката работилница во Литературниот колоквиум Берлин, во кој во 2011 година ја добива и стипендијата „Schritte“.  Меѓу нејзините бројни преводи од германски јазик се вбројуваат: Das primäre Gefühl der Schuldlosigkeit од Дана Григорчеа, Der Russe ist einer, der Birken liebt од Олга Грјашнова, Die Reise in die Vergangenheit und andere Erzählungen од Штефан Цвајг, Frühling der Barbaren од Ј. Лишер, In Zeiten des abnehmenden Lichts од Еуген Руге, Der Alte König in seinem Exil од Арно Гајгер, Der Nazi & der Friseur од Едгар Хилзенрат, дела од Инка Пареј, Јули Це, Владимир Каминер, Мартин Полак, Паскал Мерсие, Даниел Келман, Илија Тројанов, како и автобиографските книги од Рајнер Вернер Фасбиндер, Вим Вендерс и Волкер Шлендорф.