Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Поповска, Слободанка

popovska_slobodanka
Слободанка Поповска, родена 1944 год. во Скопје, завршила германистика во Скопје и во Хале. По земјотресот во Скопје во 1963 год. живее една година во Швајцарија. Од 1968 год. работи како библиотекарка во Националната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, каде што од 1994 год. ја води Германската читална. Од 1978 год. Слободанка Поповска има преведено бројни книги од германски на македонски јазик, меѓу кои и дела од: Ерих Фром, Б. Травен, Херман Хесе, Ангела Зомер-Боденбург, Иво Френцел, Зигмунд Фројд, Стефан Требст, Еден фон Хорват, Артур Шницлер, Патрик Зискинд, Макс Фриш, Давид Шаламун, Елфриде Јелинек, Криста Волф, Петер Слотердијк, Теодор Момзен, Паскал Мерсие и Јохан Петар Екерман.