Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Мерсие, Паскал

mercier_pascal
© Peter Hassiepen
Паскал Мерсие, роден 1944 год. во Берн како Петер Бjери, студирал индологија, англистика, филозофија и грчки јазик во Лондон и Хајделберг. По докторирањето во 1971 год. и научните престои во Беркли и Харвард (1973-1975), хабилитира во 1981 год. во Хајделберг. До 1993 год. предава како професор по филозофија на Слободниот Универзитет Берлин. По бројните научни трудови, во коишто се занимава со филозофијата на духот, спознанието и јазикот, објавува повеќе романи под псевдонимот Паскал Мерсие. Во 2004 год. со книгата „Nachtzug nach Lissabon“ успева да се пробие како книжевен бестселер-автор.

Вебстраница