Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Ленц, Сигфрид

lenz_siegfried
© Deutsches Bundesarchiv

Зигфрид Ленц, роден 1926 год. во источнопрускиот Лик, се вбројува во еден од најзначајните и најчитаните писатели на германско-јазичната современа книжевност. За своите дела е добитник на бројни важни награди, меѓу кои наградата „Гете“ на градот Франкфурт на Мајна, „Наградата за мир на германската трговија со книги“ и во 2009 год. наградата „Лев Копелев“ за мир и човекови права. Покрај бројните романи, збирки раскази и есеи, по повод неговиот 80.-ти роденден беа објавени сите раскази во еден том („Die Erzählungen“) како и збирката есеи „Selbstversetzung“. Во 2008 год. ја објави новелата „ Schweigeminute“, а во 2009 год. драмата „Die Versuchsperson und Landesbühne“, и најпосле „Wasserwelten“.