Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Иванова, Ива

ivanova_iva
Ива Иванова, родена 1952 год. во Самоков (Бугарија), завршила германистика во Софија. По завршувањето на студиите повеќе години предавала германски јазик во различни гимназии во Софија. Од 1982 год. работи како слободен преведувач. За преводот на  „Das Schloss“од Франц Кафка е добитник на „Големата награда“ од Здружението на преведувачите на Бугарија. Покрај бројните дела од Франц Кафка и повеќе книги од Штефан Цвајг, меѓу другото, има преведено и дела од: Елиас Канети, Макс Фриш, Лион Фојхтвангер, Уве Тим и Јули Це.