Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Демоли, Ариф

demolli_arif
© Nezza
Ариф Демоли, роден 1949 год во Муризаја (Косово), се вбројува во еден од најпознатите косовски автори. Студирал албански јазик и книжевност во Приштина. За време на студентските протести 1981 год. е уапсен и по ослободувањето од затвор добива целосна забрана за работа. Во 1990 год. повторно почнува да работи и се ангажира во културното списание „Фјала“, а извесно време  е и негов главен уредник. Потоа станува главен уредник на детското списание „Пионери“. Денес Ариф Демоли е директор на Одделот за училишни материјали во Министерството за образование на Косово. За „Të gjallët dhe të vdekurit e një fëmijërie“ во 1993 год. ја добива наградата на Здружението на писателите на Косово. Во 2004 е одликуван со наградата за литература за деца и млади на Косово.