Печати

Рајчиќ, Деан

rajcic_dean
Деан Рајчиќ, роден 1966 год. во Копер (Словенија), завршил економија во Љубљана. Неколку години по студиите се одлучува да заработува за живот со книжевни преводи и најпрвин преведува романи од научна фантастика и фантастика, меѓу кои дела од Чарлс де Линт и Шери Тепер. Денес во фокусот на неговата преведувачка дејност се наоѓаат делата на значајни или ветувачки писатели од италијанскиот, англискиот и некогашниот српско-хрватски простор. Во неговите преводи се вбројуваат делата од Д Анунцио, Пасолини, Моранте, Леви, Мек, Пекиќ, Басара и Спахиќ. Деан Рајчиќ живее и работи во Љубљана.