Печати

Манеа, Норман

manea_norman
© privat

Норман Манеа, роден 1936 год. во Сукеава (Романија), како дете е депортиран во концентрационен логор во Украина, а во 1945 год. со преживеаните од семејството се враќа во Романија. Студирал на Техничкиот Факултет и најпрвин работел како градежен инжињер. Во 1966 год. излегува неговиот прв расказ, којшто веднаш е забранет. Од1974 год. почнува да работи како слободен писател и во 1986 год. емигрира во Њу Јорк, каде што предава како професор за Европски студии и култура на Колеџот Бард. Норман Манеа е добитник на низа меѓнародни признанија и важи за најпреведуваниот романски  писател. Критичарите честопати го споредуваат со Кафка, Џојс и Музил.