Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Каракаш, Дамир

karakas_damir
© Gordan Mehkek
ДамирКаракаш, роден 1967 год. во Плашцица (регион Лика, Хрватска), студирал агрономија, право и новинарство во Загреб. На почетокот работи за весникот „Вечерни лист“, потоа известува како воен дописник од фронтовите во Хрватска, Босна и Косово. Во 2001 год. заминува за Франција, каде што пет години живее од свирење хармоника и започнува студии по француски јазик на универзитетот Сорбона. Дамир Каракаш има објавено повеќе книги, меѓу кои романи, раскази и една збирка репортажи. Во 2008 год. на база на неговата збирка раскзи „Kino Lika“, беше снимен филм во режија на Далибор Мантаниќ, кој се закити со награди. Освен тоа, инспирирани од неговите дела беа поставени и бројни театарски претстави. Некои од неговите стории се преведени на француски и англиски јазик. Денес Дамир Каракаш живее во Париз и Загреб.